Детелинките на баба Весе
Состојки
- тесто
- 250 гр маргарин
- 3 лажици шеќер во прав
- 3 варени јајца (само жолчките)
- 1 прашак за пециво
- 1 ванилин шеќер
- по потреба брашно
- 1 лажица какао
Подготовка
Рецептов речиси ми беше заборавен, но благодарение на велигденските празници и благодарение на мојата ќерка, дома имаме голема залиха на црвени јајценца, па случајно ја пронајдов старата тетратка на мојата мајка да видам што има.
И ете имало нешто кревко, вкусно што се топи во уста.
1. Жолчките претходно испасирајте ги со неколку капки вода, за да не се направат грутчиња при матењето.
2. Во длабок сад маргаринот и шеќерот во прав пенесто се матат.
3. Се додаваат претходно испасираните жолчки, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и повторно се мати смесата.
4. Потоа постепено се додава брашно и се меси со рака. Подобро е тестото да биде потврдо, за да не се разлеат детелинките при печење.
5. Тестото се дели на пет дела, и во еден дел се става една лажица какао и се меси додека да се изедначи.
6. Од белото тесто се прават мали топчиња со големина колку еден лешник, се соединуваат по три во форма на детелинка, а од кафеното тесто се прават помали топчиња и се ставаат на белите одозгора.
Се печат во загреана рерна околу 15 минути на 200 степени.
Се наросуваат со шеќер во прав.