Испечати

Торта Лебедово гнездо

Торта Лебедово гнездо

Состојки

  • потребни се три вакви кори
  • 5 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 3 лажици мелени бисквити
  • 5 лажици мелени лешници
  • 1 лажица брашно
  • Фил
  • 15 жолчки
  • 2 ванила пудинг
  • 1 литар млеко
  • 2 лажици брашно
  • 300гр. шеќер
  • 250гр. путер
  • 100гр. мелени лешници
  • 100гр. чоколада за готвење
  • Фил 2
  • 200гр. шлаг
  • 200мл. млеко
  • 200гр. млеко во прав
  • 300мл. слатка павлака за филувања на крај

Подготовка

Кремастиот богат вкус ќе ги задоволи и најпробирливите...
Подготовка.
Започнуваме со подготовка на корите,белките ги матиме на крај го додаваме шеќерот и повторно матиме.Во белките ги додаваме и мелените бисквите,лешници,брашно и оцетот,мешаме со шпатула.Секоја кора ја печеме на 180степени половина час во големата ростер тава премачкана со путер,подготвуваме три вакви кори.

Подготовка на филот.

Во 200мл.ладно млеко ги мешаме жолчките заедно со двата пудинга,брашното и шеќерот,оваа смеса ја сипуваме во преостанатото зовриено млеко и вариме густ крем кој ладен го соединуваме со матен путер и 100гр.мелени лешници.Вака подготвениот крем го делиме на два дела и во едниот дел му додаваме топена чоколада додека вториот дел останува непроменет.
Подготовка на вториот фил.

Двестоте милилитри млеко ги матиме со шлагот и во нив го додаваме млекото во прав.
Посебно ја матиме слатката павлака за филување на горниот дел на тортата.

Филување.
Кора-црн фил,жолт фил,бел фил и се од почеток.

Совет.
Тортата е богата излегува околу 3,5кг.со преубав кремаст фил.