Еврејски јајца
Состојки
- 30 јајца
- 2-3 шаки лушпи од кромид - црвениот и лилјаковиот може
- 1 шака бибер во зрна
- 1-2 лажици сол
- 1/2 пакетче ловоров лист
- пд око пушена сланина
- 1 цел кромид
- 2 главици лук
Подготовка
Срекни празници!
Е, ова се навистина ексклузивни. Бојата на самото јајце не е многу примамлива ниту пак бојата на самото јајце кога ќе го излупитеупите, но затоа пак има необичено добар вкус. Си мириса како да е пушено јајце. Навистина одлично за мезе. Името го добиле Еврејски или Жидовски затоа што евреите работеле по Синајските пустини, ги спремале на овој начин кој им овозможува добра конзервација и траеле долго време. Останало да секогаш за овој празник ги спремаат вака, требало време додека отидат до сите болни, до војници... така да сигурно знаеле дека вака спреманото јајце ќе стигне безбедно, нерасипано. Проследете.
- Во садот во кој што ќе ги варите ставете и тоа добра количина на лушпи од кромид, може и мешавина. Ставете јајцата, па биберот, пак лушпи, пак јајцатата, додате пак од биберот, ловорот, една глава нелупена само исечена кромид, 2 глави чешниња од лук кои исто така не ги лупите туку само ќе ги одвоите. Измијте и ставете, додете пушеното месо. Посолете. Наполнете садот со вода и ставете нека се варат најмалку 6 часа, уште подобро ако продолжите и да бидат 12 часа.
Напомена
Евреите знаеле да ги варат и по 3-три дена.
Јас ги варев сигурно повеке од 24 часа на тивко.
- Бидејки бев одлучила дека оваа година ќе ги правам повторно, но во поголема количина јас цело време собирав од кожата од пушената сланина, чував во фрижидерот и сега ја искористив. Ако сметате дека може и без неа тогаш мора да ставите зејтин барем 150 мл.