Испечати

Зеленчукова супа со пилешко месо

Зеленчукова супа со пилешко месо

Состојки

  • 1 помало парче пилешки гради
  • 1 средна главица кромид
  • 1 среден компир
  • 150 гр златна мешавина (морков,пченка,грашок)
  • 100 гр брокула
  • 1 коцка супа
  • 35 гр фиде
  • по потреба сол
  • по потреба мелен црн бибер
  • 1 кафено лажиче мешан зачин
  • малку сув магдонос
  • по потреба масло
  • За каша
  • 2 лажици брашно
  • 100 мл млеко

Подготовка

Кромидот исецкајте го ситно и ставете го во тенџере на оган да се пржи со 5 мажици масло, мешаниот зачин, мелен црн бибер, сув магдонос и малку сол. Откако ќе се испржи додајте го белото месо исецкано на ситни коцки.Оставте да се динста додека да испари течноста што ќе ја испушти. Потоа додајте го излупениот компир исецкан на ситни коцкулиња, па додајте ја златната мешавина,брокулата и коцката супа. Пропржете малку додека да се стопи коцката супа.
Додајте 2 литри вода и ставте го на оган да врие па додајте го издробеното фиде. Откако ќе се свари зеленчукот и фидето во еден сад ставте го брашното со 100мл млеко и промешајте додека да се соединат. Течната каша истурете ја во супата и оставте да врие уште 10 мин, но мешајте постепено.Откако ќе се ствари тргнете ја од оган.Проверете дали ви е доволно солена ако не е додајте уште сол по потреба па сервирајте.Добар апетит...