Испечати

Посна чоколадна торта (без масло)

Посна чоколадна торта (без масло)

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 190 гр шеќер
  • 45 гр какао
  • 10 гр прашак за пециво
  • 340 мл вода
  • екстракт од ванила или ванилен шеќер
  • рендана кора од еден портокал
  • по желба сува брусница, суво грозје или чоколадни капки

Подготовка

Во сад се ставаат брашното, какаото и пецивото предходно просеани. Се додава шеќерот и се мешаат сувите состојки. Се додава половина од водата и убаво се меша, потоа се додава и останатата вода и се меша да се изедначи смесата.
Смесата може да се стави во силиконската Делимано округла или правоаголна тава или во силиконскиот калап за векни. Одозгора, по желба, се ставаат чоколадни капки, сува брусница или суво грозје.
Тортата се пече во предходно загреана рерна на 160 степени за околу 45 минути.
Одкако ќе се испече, тортата се остава да лади покриена со алуминиумска фолија и крпа.
Пред служење посипете ја со шеќер во прав.