Велигденски мафини
Состојки
- 100 г путер
- 2 јајца
- 150 г шеќер
- 1 лажице ванила шеќер
- 2 дл млеко
- 2 лажициња пециво
- 250 гр брашно
- Прстофат сол
- кора од 1 лимон
- 1 Јаболко
- шеќер и цимет
- Декорација
- шлаг, шеќер прав, кокос, зелена боја и велигденски бомбони
Подготовка
Путерот се топи и се додава млекото и кората од лимон. Јајцата и шеќерот се бијат убаво и се додава течноста. Се додаваат и сувите состојки и се меша полека. Во калап за мафини се редат хартиени корпи и се полнат со смесата. Јаболкото се лупи и се сече на поголеми делови. Се валкаат со шеќер и цимет и се стават во мафините. Се печат во загреана рерна на 200 степени и се печат 10 мин.
Декорација
1. Шлагот се мати и се додава шеќер во прав, зависи до колку благ го сакате.
2. Во мал проѕирен најлон се става кокос и малце боја, се треси најлонот за да фати боја на сегде.
Се декорираат мафините со шлагот и се поросуват со кокосот да изгледа како трева. Се декорират мафините во вкус, на пример со чоколадни мали јајца или гумени велигденски бомбони итн.....
За полесно да се стават гумените бомобони во мафините, може да уптребувате чепкалка за заби.