Испечати

Штангли од медени срца

Штангли од медени срца

Состојки

  • 400 гр. посни медени срца (полнети со џем од кајсија)
  • 8-9 лажици џем или мармалад од кајсија
  • 80 гр. мелени лешници (непечени)
  • глазура
  • 50 гр. црно чоколадо (посно)
  • 1 лажиче масло

Подготовка

Овој десерт е направен од посни медени срца, со присуство на мене омилениот вкус на касија. Брз и едноставен за подготовка, без печење, повторно мој спонтано смислен рецепт.

1. Медените срца се сечкаат на коцки и се ставаат во сад. Лешниците (или по желба ореви, бадеми ...) се мелат, се додаваат во садот заедно со џемот или мармаладот.

2. Се меша добро со рака се додека не се соединат состојките во смеса која се става во калап обложен со најлонска кеса (користев калап за бајадера со ширина 5 см и длабина 2,5 см). Се става во ладилник и откако ќе се стегне се вади од калапот.

3. Чоколадото се топи на пареа со маслото и се премачкува калапот. Се сечат штангли и се украсува по желба.

Штанглите е најдобро да се исечат кога е калапот добро изладен, а во текот на правењето по желба може да се додадат лешници или др. јаткасти плодови ако сметате дека смесата е мека (зависно од медените срца). Од оваа смеса јас добив 20 штангли.
Пријатно!