Мармалад со чиа семе
Состојки
- 200гр. јагоди (замрзнати или свежи)
- 2 лажици мед
- 2 лажици чиа семе
Подготовка
Ако користите замрзнати јагоди, најпрво оставете ги да се одмрзнат.
Испасирајте ги со рачен миксер додадете го медот и ставете да се вари. Оставете го мармаладот да врие 2 минути и тргнете на страна потполно да се излади. Додадете го чиа семето промешајте убаво за да не се направат грутки и ставете го мармаладот во тегличка. Затворете ја тегличката со капак и оставете преку ноќ во фрижидер. Наредниот ден мармаладот е спремен за употреба.
Забелешка
Засладувач може да ставите по ваша желба, не мора да биде мед. Пробајте го мармаладот за блажина при варењето и ако не ви е доволно благо додадете уште засладувач. Може да употребите било кое овошје, замрзнато или свежо.
Мармаладот има краток рок на траење, околу 4 дена. Затоа и се подготвува по потреба т.е. во мали количини.
За оние кои се по суровата храна, мармаладов не мора да го варат. Овошјетео се пасира, засладува, се додава чиа семето и се остава до наредниот ден кога ќе е готов за употреба.
Битен момент (можеби за некого) во подготовката - мармаладот треба потполно да е изладен кога ќе го додадете чиа семето, аминокиселините не поднесуваат високи температури.