Испечати

Школки од смокви (посно)

Школки од смокви (посно)

Состојки

  • 250 гр сушени смокви
  • За фил
  • 250 мл вода
  • 3 лажици оризово млеко во прав
  • 1 пудинг од чоколадо или ванила
  • 6 лажици шеќер
  • 1 лажица рогач во прав
  • 2-3 коцки посно чоколадо
  • 50 гр ореви

Подготовка

Еве уште еден декоративен рецепт од мојата кујна. Едноставен и вкусен, а сепак посен, па се надевам ќе ви се допадне.

1. Смоквите ги засекуваме на половина по должина, ама не до крај.
2. На оган ставаме дел од водата заедно со млекото во прав, а во останатиот дел ги промешуваме шеќерот и пудингот. Кога млекото ќе зоврие ја истураме смесата со пудинг и мешаме додека да се згусне.
3. Откако ќе олади ги ставаме рогачот, рендаме чоколадо и мелените ореви и со миксер промешуваме.
4. Шприцот го полниме со фил и ставаме од него во секоја смоква. Украсуваме со бисерни шеќерни топчиња.

Забелешка
Најубави смокви за овие колачиња се смоквите што се продаваат рефус, ама може и од пресуваните да се направат. Можете и друго посно млеко да користите.
Како „песок“ за фотографијата користев кристал шеќер во кој ставив малку какао.
Можете и со фил по желба да си ги полните.