Испечати

Торта со боровинки (сурово, посно, веган)

Торта со боровинки (сурово, посно, веган)

Состојки

  • За основа
  • 2 шољи сурови бадеми
  • 1/2 шоља урми
  • 1/4 шоља кокосово брашно
  • прстофат сол
  • За фил
  • 3 шољи индиски ореви (киснети најмалку 3 часа)
  • 3 шољи боровинки
  • 15 свежи урми
  • сок од еден лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 1/4 шоља мед, јаворов или агаве сируп
  • 1 лажица кокосово масло (растопено)
  • За посип
  • сечкани фстаци
  • сечкан сушен ананас натопен во сок од боровинки

Подготовка

Прекрасен посен десерт, суров, вегански, со прекрасен изглед ама што е најважно здрав и со богат енергетски состав.

1. За кората ги мелеме бадемите во сечко, па ги додаваме останатите состојки и сечкаме додека да се соединат. Смесата треба да ни биде густа и компактна, а ако не е таква додаваме по потреба состојки. Ја расплескуваме во тавче со пречник 20 см и ја ставаме во фрижидер да се стегне.
2. За тоа време го подготвуваме филот. Индиските ореви, киснети преку ноќ или најмалку 3 часа ги цедиме и премиваме. Заедно со урмите ги сечкаме во сечко, па ги додаваме останатите состојки, освен стопеното кокосовото масло кое го додаваме на крајот. Го ставаме филот врз кората и го враќаме во фрижидер.
3. За посип користев фстаци и сечкан сушен ананас прелиен со сок од боровинки.
Оставете ја да се стегне во фрижидер.

Забелешка
За вакви слаткотии најчесто ја користам Делимано округлата силиконска тава, лесно се вадат колачите од неа, а и за ваков тип на слатки одговара големината.
Овој пат ги ставав во калапи, затоа што ми требаа повеќе вакви колачиња.
Сакам да ви кажам дека кога подготвувам ваков тип на слатки секој пат различно излегува густината на филот или пак на основата. Па затоа додавајте потребни состојки за да ви излезе како што сакате.