Чоколадни корнети
Состојки
- 100 гр посно чоколадо со висок процент на какао (45%)
- За фил
- 250 мл вода
- 4 лажици оризово млеко во прав
- 1 ванила пудинг
- 4-5 лажици шеќер
Подготовка
Овие корнети навистина ќе ви се прекрасна декорација на трпезата, а може да ги подготвите со фил по желба. Ние сме во пости па за да ви ги претставам се одлучив за ваков лесен полнеж.
1. Од хартија за печење сечеме десетина кругови со пречник 8 см. Ги виткаме како корнети или фишеци и ги лепиме со салотејп.
2. Чоколадата ја топиме на најтивок оган и со неа ги премачкуваме фишеците. Ги оставаме во фрижидер за да чоколадата се стегне. Откако ќе се стегне, внимателно ја отстрануваме хартијата.
3. Го подготвуваме филот т.е пудингот, ама бидејќи треба да ни биде погуст ја намалуваме количината на вода. На оган ставаме дел од водата заедно со млекото во прав, а на страна го раствораме пудингот со шеќерот, па кога ќе почне да врие го ставаме во вода, промешуваме и додека да се згусне мешаме. Може откако ќе биде готов да ставите и 50 гр маргарин за покремаста структура. Го оставаме да олади, најдобро е и во фрижидер да се излади.
4. Потоа филот го ставаме во шприц и ги полниме чоколадните корнети. Украсуваме по желба.