Реформ торта
Состојки
- за тесто
- 15 белки
- 300 гр мелени ореви
- 150 гр мелени бадеми
- 3 лажици брашно
- 15 лажици шеќер
- за фил
- 15 жолчки
- 12 лажици шеќер
- 250 гр темно чоколадо
- 250 гр путер
- по желба рум
- за чоколаден крем за украсување
- 2 јајца
- 250 гр маргарин
- 250 гр чоколадо за готвење
- 2 лажици шеќер
Подготовка
За синко оваа беше *мрсната* верзија на торта, чиј вкус буквално остава без здив. Сигурно има многу верзии на реформ торта ама јас го имам запишано овој рецепт па и така ви го презентирам
Тортата ја печев во округла тава и печев поединечно 3 теста. За секое тесто постапката е иста само се менуваат јаткастите елементи во него.
Јајцата искршете ги и одвојте на 3 места по 5 белки и сите 15 жолчки заедно во сад за матење. Убаво е ако филот прво го направите за да заштедите на време за да се излади. Жолчките изматете ги со 12 лажици шеќер додека убаво не згуснат. Врз друг сад со зовриена вода на оган варете ги додека не добиете убава густа смеса и во неа додадете го на парченца искршеното чоколадо и тоа да се растопи. Оставете да се излади кремот.
Во сад за матење ставете ги 5-те белки и додајте 5 лажици шеќер. Матете додека не добиете густ шам. Во садот со 150 мелени ореви додадете 1 лажица брашно (пециво НЕМА не сум заборавила) и истурете во садот со изматени белки. Промешате полека за да не спаднат белките и печете на 170 степени 20-25 мин. Се печат две вакви теста со ореви. Третото тесто е исто само наместо ореви ставете мелени бадеми.
Во сад за марење ставете го омекнатиот путер. Пенесто изматете и додајте го изладениот крем од жолчки. Убаво соединете ја смесата. По желба може да додадете и рум. Во оригиналниот рецепт имаше и суво грозје ама кај мене не го сакаат многу па намерно го изоставив
Секоја кора филувајте ја со филот и оставете тортата да се излади и стегне во фрижидер.
За чоколадниот крем за украсување веќе сум пишувала ама еве уште еднаш. Речиси секогаш го правам за украсување на торти, затоа што е прилично убаво се фиксира на тортата и буквално како сакате може да украсувате.
Во длабок сад на оган ставете го маргаринот и чоколадото да се растопат. Откако се хомогенизирани, оставете да се изладат ( но не и да се стегнат)
Изматете на страна во друг сад 2 цели јајца со 2 лажици брашно и додавајте го постепено растопеното чоколадо со маргарин. На почеток кремот ќе ви изгледа течен но оставете некоја минута да се подизлади и повторно разматете го со миксер. Украсувајте по желба. Јас пошто е роденденска стававив и шарени бомбони ( зошто оваа ни беше таа за дување свекички)
На здравје