Овошно задоволство од чаша (посно,веган)
Состојки
- Прв дел
- 1 шоља индиски ореви (киснети најмалку 3 часа)
- 1 шоља боровинки
- 5 урми
- 2 лажици лимонов сок
- неколку капки ванила екстракт
- 1 лажица мед
- 1 лажица растопено кокосово масло
- Втор дел
- една шоља сечкани јаткасти плодови(ореви, лешници, бадеми, фстаци)
- Трет дел
- 1 шоља јагоди
- Четврт дел
- 150 мл оризови или некое друго посно млеко
- 2 лажици чиа семе
- 3 лажици мед, јаворов или агаве сируп
- За украсување
- свежи боровинки и сечкани фстаци
Подготовка
Прекрасен почеток на ден или уживање во десерт ќе имате со ова задоволство во чаша кое е претставува вистинско богатство на елементи потребни на нашиот организам.
1. Чиа семето го потопуваме во млекото, најдобро е преку ноќ, ама може и 3-4 часа да стои за да се згусне. Истото го правиме и со индиските ореви кои ги потопуваме во вода.
2. За првиот дел сите состојки ги ставаме во блендер или сечко додека да добијат фина мазна структура. Ги распоредуваме во две чаши.
3. Јаткастите плодови ги сечкаме и ги ставаме врз првиот дел. Јагодите исто ги сечкаме и ги ставаме врз вториот дел.
4. Како последен дел го распоредуваме пудингот од чиа семе. Го украсуваме десертот.
Забелешка
Користам свежи урми кои ги лупам и им ја отстранувам семката. Може да отстојат и 10 минути во вода пред лупењето.
Големината на шољата е по ваш избор и зависи од големината на чашите за сервирање.
Можете да си го заблажите и повеќе десертот. На пр. врз јагодите да ставите засладувач по желба.