Гулаш
Состојки
- 1кг телешка картина
- 10 главици кромид
- 2 листа ловоров лист
- 450гр шпагети
- 1 лажица црвен пипер
Подготовка
На загреано масло се става исецканиот кромид да се пржи се додека не стане стаклест. Се додава исецканото месо на ситни коцки.
Се остава да се пржи околу 30 минути, па се додава ловоровиот лист и зачините.
Крчка на тивко се додека не испари течноста односно се додека не остане само на мрснотијата. Се трга од оган се додава црвен пипер, се промешува и се налива вода онолку колку што да се покрие месото. На тивко крчка уште 2 часа.
Се сервира со шпагети.