Телешка крем чорба
Состојки
- 1 коска телешка коска искостена или со месо
- 300 гр. телешка кртина
- 5-6 компира
- 3-4 моркова
- 1 корен од магданос
- на вкус зачиник - сув зеленчук, бибер, сол, магдонос
- 300 гр. маринирани печурки - шампињони
- сос
- 4-5 чешниња толчен или сецкан лук, на вкус оцет , лажичка вода и зејтин
Подготовка
Припрема
Во поголем сад ставете да се вари коската, месото, компирот, морковот и коренот од магдоносот додавајки малку сол, бибер во зрна. Се вари подолго време додека коската се распадне и месото е добро сварено. Извадете ја коската, ако има месо по неа извадете го, кртината исецкајте ја. Извадете го и зеленчукот. Со пасатор или миксер изгмечете и испасирајте, вратете во водата назад која претходно сте ја прецедиле. Нека проврие и нека се изедначи содржината во тенџерето. Кога ќе проврие додадете ги печурките и се останатото за да ја овкусите чорбата.
Заедно со печурките нека врие уште 5-6 мин. Тргнете од огнот. Чорбата е готова.
- Лукот истолчете го или ситно исецкајте, ставете малку вода во него, закиселете на вкус.Загрејте малку зејтин и попарете го сето ова. Со овој сос зачинета ја чорбата како што вие ќе сакате да јадете.
Напомена
- Зависно колку течност ви останало од варењето така и ќе прилагодите густината. Не го ставајте одеднаш испасираниот зеленчук, да не ја направите прегуста, а ако остане ретка тогаш направете сосема тенка потпршка. Количината на зеленчукот е доволна за 3 л. течност.
За да не варите долго време користете го експрес лонецот, се вари за многу кратко време.
Нека ви е слатко!