Испечати

Велигденски зајчиња

Велигденски зајчиња

Состојки

  • 250мл. млеко
  • 1 коцка свеж квасец (+1 лажиче шеќер и 1 лажица брашно)
  • 500гр. брашно
  • 75гр. шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 1 јајце
  • 100гр. омекнат путер
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • И уште
  • неколку зрна суво грозје

Подготовка

Во 100мл. млако млеко растворете го квасецот со 1 лажиче шеќер и 1 лажица брашно. Оставете да стаса.
Во длабок сад ставете ги течните состојки - јајцето, остатокот од млекото, стасаниот квасец, па додадете брашното, двете врсти на шеќер, солта и на крај путерот. Матете со миксер со спиралните маталки или изработете го тестото во кујнаска машина. Тестото е меко и лепливо. Покријте со крпа и оставете да стасува на топло 30-40 минути.
Откако ќе стаса тестото, префлете го на набрашнета површина и со набрашнети дланки оформете го во долга прачка. Сечете од тестото и формирајте топки и тоа 8 топчиња со тежина од прилика 80 гр. и 8 топчиња со тежина од прилика од 40 гр.
Земете едно големо топче и со ножици или остар нож пресечето го од крајот према средината, 2/3 од тестото треба да е пресечено. Ставете го во плех на хартија за печење и краевите малку подраширете ги. Со помалото топче направете го истото, пресечете го од крајот кон средината и ставете го помеѓу двата краја од поголемото топче во плехот (види слика). Со прсти оформете ги убаво ушите на зајчето. Истото повторете го и со останатите делови од тестото.
За очиња и носиња употребете го сувото грозје кое претходно ќе го исечкате.
Оставете ги оформените зајчиња да стасуваат некои 10-тина минути.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Нараснатите зајчиња премачкајте ги со изматена жолчка со млеко и ставете ги да се печат околу 12-15 минути.

По желба можете да ставите во тестото и рендана кора од лимон. Ќе добиете миризливо, вкусно и искучително меко пециво.