Видео рецепт: Бинго торта
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 лажица масло
- 1 лажица какао
- 10 лажици мелени ореви
- За ПРВИОТ ФИЛ ќе ви треба:
- 350 гр. мелени бисквити
- 250 мл. сок од портокал
- 250 гр. путер
- 250 гр. шеќер во прав
- За ВТОРИОТ ФИЛ ќе ви треба:
- 3 пудинга од ванила
- 900 мл. млеко
- 250 гр. путер
- 200 гр. шеќер
- 100 гр. чоколадо за готвење
- Ќе ви треба и:
- 2 кутии (200 гр.) пишкоти
- 2 кутии (250 гр.) ресана колачи
- 300 мл. сок од портокал
- За ДЕКОРАЦИЈА ќе ви треба:
- 500 мл. слатка павлака
Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Бинго торта.
Богата торта со чоколадо, ресана колачи, пишкоти и сок од портокал. Веројатно заради богатите состојки го добила името Бинго.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво подгответе ги филовите, за да има време да се изладат пред филување. Изматете го путерот со шеќерот во прав.
За подготовка на првиот фил измелете ги бисквитите и додадете го сокот од портокал. Додавајте го постепено за да добиете убава смеса. Потоа додадете половина од изматениот путер со шеќерот во прав и убаво соединете.
Чекор 2: На оган ставете 700 милилитри млеко, а во преостанатото разматете ги пудинзите. Кога ќе зоврие млекото додадете ги разматените пудинзи. Оставете го да се олади и во оладениот пудинг додадете половина од изматениот путер со шеќер во прав и соединете ги. Поделете го филот на два дела. Растопете чоколадо за готвење на пареа и додајте го во едниот дел.
Чекор 3: Рерната загрејте ја на 180 степени. Измелете ги оревите.
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот за тестото. Кога волуменот ќе се зголеми додадете го маслото, просеаното брашно, какаото и оревите. Смесата истурете ја во Ростерот и печете 20 минути. По печењето извадете го тестото од тавата и оставете да се излади.
Чекор 4: Филувањето направете го по следниот редослед:
Започнете со тесто, над него првиот фил со бисквити, ресана колачите во 4 реда, па над нив филот од чоколадо.
Потоа се на ред пишкотите кои прво ќе ги натопите во сок од портокал.
На крај премачкајте го жолтиот фил.
Чекор 5: Изматете слатка павлака, па премачкајте ја и декорирајте ја тортата по желба.
СОВЕТ: Оставете да отстои неколку часа во фрижидер, а потоа сервирајте, за да може да исечете убави парчиња. Оваа торта е Бинго за секоја голема прослава.