Велигденски колач јајце
Состојки
- 3 јајца
- 180 г шеќер
- 120 г брашно
- 2 лажициња пециво
- 50мл млеко
- По потреба
- шлаг и конзервирани кајсии
Подготовка
Шеќерот и јајцето се бијат убаво. Се додава пецивото и се меша пак со миксер. Се додава млекото и брашното и се меша.
Се става мрсна хартија во плех, се истура смесата во плехот и се прави да биди одприлика иста големина како плехот.
Се печи во загреана рерна на 225 степени 5 до 7 минути. Брзо оди во рерна затоа мора да се внимава. Се става друга хартија на маса поросена со малку шеќер. Кога е готова се превртува ролатот на другата хартија и првата хартија се вади. Ако се вади хартијата тешко можи да ја намачкате со ладна вода. Се филова по вкус и се врти ролат од подолгата страна. Се сечат парчиња, се шприца шлаг и се става концервирана кајсја за да изгледа како јајце.