Испечати

Видео рецепт: Посни индиски крекери

Видео рецепт: Посни индиски крекери

Состојки

  • За крекерите ќе ви треба:
  • семки ким
  • 2 шолји брашно
  • 1/2 лажичка Кари
  • 1/4 лажичка свежо мелен бибер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка сода
  • 3 лажици масло
  • 1/2 шолја вода
  • За СОСОТ ќе ви треба:
  • 100 гр. варен грав
  • маслиново масло
  • зачини по желба

Фичо ќе направи многу вкусни, посни крекери, со малку поинаков начин на подготовка на тестото. А како прилог, вкусен сос од грав.

Подготовка

Чекор 1: Во мало тавче без масло потпечете ги семките ким додека не почне да развива миризба.

Чекор 2: Во еден сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте. Треба да добиете тесто со средна густина, ни лепливо ни суво. Смесата покријте ја и оставете ја 30ина минути да се одмори. Потоа месете 4 минути и поречете го на топиња со големина на шери домат. Прекријте го тестото да не се суши.

Чекор 3: Ростерот намастете го со малку масло и вклучете ја рерната на 175 степени.

Чекор 4: Секое топче расукајте го со сукало, намастете го во средина, предиплете го , повторно премачкајте го со масло и формирајте крекер.

Чекор 5: Печете во загреана рерна 20ина минути, додека не потемнат на краевите.

Чекор 6: Совршен и брз сос за овие грицки. Една мала конзерва црвен грав ќе го исцедите од водата и ќе го истурите во длабок сад, ќе му додадете малку чили во прав и маслиново масло, сол, сенф во прав, вилушката во рака и правите Пате од гравче!

Сервирате!

СОВЕТ: Доколку не ви се допаѓаат зачините кои ги користеше Фичо, и крекерите, како и паштетата од грав може да ги зачините со вашите омилени зачини.