Испечати

Посни жу-жу питички

Посни жу-жу питички

Состојки

  • 500 гр кори
  • За премачкување на корите
  • 200 мл вода
  • 200 мл масло
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 5 лажици брашно
  • За фил
  • 1 мала главица кромид
  • 300 гр свежи печурки шампињони
  • 1 страк праз
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка буковец
  • прстофат оригано
  • За премачкување
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица вода
  • 1 лажица масло
  • сусам за посип

Подготовка

Кога ги испеков овие питички наликуваа на жу-жу лиснато тесто, па од таму го добија и името. Инаку особено изненадија со вкусот, па достојно си го завземаа местото на посната роденденска трпеза.

Подготовка
1. Сите состојки за премачкување на корите ги ставаме во еден сад, ги промешуваме убаво и ги оставаме 15 минути да се квасецот.
2. Кромидот ситно го сечкаме и го запржуваме на малку масло. Го додаваме и празот ситно насечкан и него го пржиме додека да омекне. Потоа ги ставаме ситно насечканите печурки и убаво ја упржума целата смеса. Зачинуваме со зачини по вкус, можете и со зачини по желба. Вака подготвениот фил малку го оставаме да олади.
3. Секоја кора со помош на силиконска четка ја премачкуваме со смесата што ни стаса. Корите ги редиме една врз друга, по 3-4 кори, зависи од тоа со колкава дебелина ни се корите, а и колку сакаме да ни бидат питичките. Откако сме ги наредиле и премачкале корите, на почетокот ставаме од филот и потоа виткаме ролат од кори и го сечеме по желба. Мене ми излегоа 5 вакви ролати.
4. Ги редиме во намрсено тавче. Правиме смеса за премачкување и ги мачкаме секоја питичка посебно, па наросуваме со сусам. Ги печеме на 200 степени во загреана рерна.