Испечати

Урма корпиња

Урма корпиња

Состојки

  • 25 свежи урми (без коска)
  • 2 лажици какао
  • 100 гр. ореви (сечкани по должина)

Подготовка

Овој десерт е повторно мој изум, со само три состојки, брз за подготовка, но вкусот е незаменлив. Урмите кои се суперхрана, често се користат како база за многу десерти (посебно сурови). Содржат протени, железо, калциум, селен, влакна, цинк, Б витамини и други ... Природниот шеќер кој го имаат урмите т.е. јагленохидратите се добар извор на енергија.

Постапката е кратка:
Од урмите се вадат семките, се блендираат заедно со какаото и се добива густа смеса. Се додаваат оревите сечени в долж и се меша убаво со дрвено лажиче.
Се полнат хартиените корпиња и одозгора му се става уште малку сечкани ореви.
На здравје!