Испечати

Сармички од лобода

Сармички од лобода

Состојки

  • 30-35 листови лобода
  • 1 главица сецкан кромид
  • 1 сецкан морков
  • 100гр ориз (1 филџан за кафе)
  • 1 лажица пармезан
  • сол, бибер, зачин, нане, оригано по вкус, масло
  • 200 мл вода (2 филџани)

Подготовка

Многу убава според мене сармичка.
Ако се изостави пармезанот може да биде и посна.

На загреано масло се пропржуваат кромидот и морковот, па се додава измиениот ориз и тој се пропржува 2-3 минути.
Се зачинува по вкус и се додава пармезанот.
На листовите лобода се става од филот по 1 најмало лажиче, убаво се завиткуваат и се редат во касерола. Одозгора може да се покријаат со 2-3 листа лобода.
Се прелеваат со топла вода, отприлика 2 филџани и се остава на тивко да крчка околу 30 минути, односно да испари водата.
Се сервираат со кисело млеко или кисела павлака.