Испечати

Посна грилијаж торта

Посна грилијаж торта

Состојки

  • За бисквит
  • 400 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 10 лажици шеќер
  • 10 гр сода бикарбона
  • 3 лажици масло
  • 250 мл пиво
  • 200 гр мед
  • За фил
  • 15 лажици густин
  • 1 пудинг од ванила
  • 100 гр оризово млеко во прав
  • 1 л вода
  • 300 гр шеќер
  • 300 гр посно чоколадо со висок процент на какао (45%)
  • 150 гр грилијаж од бадеми или ореви

Подготовка

Еве предлог од мене за вкусна посна торта, која може да ги заблажи вашите гости, за претстојните два големи празници Благовец и Цветници.

1. Сите состојки за бисквитното тесто се ставаат во еден сад и се матат со миксер. Се истура смесата во намрсена тава (големата тава на делимано за печење) или пак на хартија за печење.
2. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Се остава да се излади и се сече на три дела и секој дел на половина по должина. Излегуваат шест кори.
3. За филот ги ставаме раствореното оризово млеко во 800 мл вода, заедно со шеќерот на оган. Во останатите 200 мл вода ставаме густин и пудинг и мешаме да се соединат.
4. Откако ќе се соединат и млекото ќе почне да врие, ја ставаме изматената смеса со густин и пудинг и мешаме да се соединат и да се згусне убаво смесата. Тргаме на страна и го додаваме чоколадото да се стопи. Го ладиме филот.
5. Редиме кора, па фил, па мелен грилијаж и така со сите продукти додека да се потрошат. На крај ја премачкуваме целата торта со фил, посипуваме грилијаж и ја оставаме барем една ноќ да се соединат вкусовите и да стане компактна за сечење.

Забелешка
Бидејќи е многу убаво тестото за тортава и убаво нараснува, па и убаво се сече, излегува доста висока тортава. Ако не сакате да ви биде толку висока, можете да ја направите и во коцкаст облик, односно да ја пресечете на половина и пак секоја половина на половина по должина. Во тој случај нема да биде толку висока и ќе биде со четири кори, а не со шест како во мојот случај.
За љубителите на рум можете и да ја попрскате со рум или пак да ставите во тестото.
Како и да е ќе добиете вкусна и богата, кремаста торта.Рецепт за грилијаж имате овде