Испечати

Куглоф од јуфки

Куглоф од јуфки

Состојки

  • 300г јуфки
  • 500г јогурт
  • 4 јајца
  • 200г сирење
  • 50мл масло
  • по желба сол

Подготовка

Овој рецепт случајно излезе кога едно утро сакав да подготвувам потпечени јуфки и гледам сите помали тавчиња зафатени...па ми излезе пред очи калапчето за куглоф и си велам сега со него ќе експериментирам, па што ќе излезе тоа...И така излезе овој декоративен појадок кој може некогаш некому да послужи како лесна декорација од едноставни секојдневни намирници...

Јуфките ставете ги во калапчето и оставете ги да поруменат во рерна на 200 степени. За тоа време изматете ги јајцата со сирењето,јогуртот,маслото и малку сол. Потпечените јуфки прелијте ги со изматената смеса, ако е малку додадете малку вода, се зависи од од видот и волуменот што го зафакаат јуфките,важно е да се целосно прелиени. Оставете ги така да се печат уште 20 до 30 минути на 220 степени. Послужете ги топли со прилог по желба...