Испечати

Ројал салата

Ројал салата

Состојки

  • 1/2 марула
  • 2 китки рукола
  • 5, 6 шери домати
  • 1 голем морков
  • 10тина каламата маслинки
  • 4, 5 тенки парчиња шпек или свежа пршута
  • За дресинг
  • 2 лажици балзамиран оцет
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажици маслиново масло
  • За посипување
  • 2 лажици пармезан
  • 2 лажици сечкани фu201cстаци
  • По желба сол и лимон

Подготовка

Салатава често си ја приготвувам понекогаш и со суви домати и навистина е фантастична, ја крстив ројал салата бидејќи според мене содржи свежи кралски состојки кои ја прават целосна за мој вкус.

Најпрво исмиените листови марула и рукола исцепкајте ги со рака на средни парчиња. Посолете ги и додадете малку лимон по желба но и не мора. Мене ми се така посвежи листовите затоа и малку додавам. Морковот исечете го на листови на ренде и распоредете го врз зелените листови. Врз нив сега наредете ги доматите и маслинките.
На страна измешајте ги состојките за дресингот и со него прелијте ја целата салата. Наросете со пармезан и сечкани парчиња печени фстаци.
Добар апетит!