Испечати

Рижото од интегрален ориз со спанаќ и печурки (посно)

Рижото од интегрален ориз со спанаќ и печурки (посно)

Состојки

  • 1 шоља (250мл) интегрален ориз
  • 400г спанаќ
  • 200г свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • по желба сол и бибер
  • 1,2 лажици тамари соја сос по желба
  • масло за пропржување

Подготовка

Интегралниот ориз измијте го и прелијте го со 5 шољи од иста големина. Поклопете го со капак и оставете го така да одстои 1 час. Потоа не ја цедете водата во која одстоја и ставете го како што е да се вари на тивок огин околу 35 мин поклопен со капак, без да го мешате. За убаво да се разварат зрната додадете 1 лажица масло или малку путер, сол и зачини по желба. Исклучете го и оставете го така поклопен да одстои уште 15 мин да ја впие останатата вода.

За тоа време спанаќот убаво исчистете го прелијте го со вода и додадете 1 лажиче сода бикарбона. Оставете го да одстои така околу 10 мин и ставете го да се обари на пареа околу 2,3 мин.

На тавче ставете го ситно исечканиот кромид да се пржи. Откако ќе омекне и порумени додадете ги исечените шампињони и пржете и тие малку да заруменат. Додадете малку вода и зачини и додадете го обарениот ориз. Промешајте нанесете бибер и на крај додадете го и обарениот спанаќ.
Измешајте убаво да се соединат состојките и сервирајте со соја сос.

Добар апетит...