Испечати

Пудинг од чиа семе

Пудинг од чиа семе

Состојки

  • 300мл. кокосово млеко (млеко од соја, оризово млеко, бадемово млеко....)
  • 3 лажици чиа семе
  • 2 лажици мед (агаве сируп, шеќер)
  • 1-2 јагоди (или овошје по желба)
  • 1 лажица крупно сечкани лешници

Подготовка

Пред извесен период, во нашата исхраната го воведов и чиа семето. Го употребувам скоро во секое јадење. Пржено, варено, сирово....Причината секако на многумина им е позната, овие мали семчиња полни се со здравје. Чиа семето содржи 10 пати повеќе Омега-3 од лососот, 9 пати повеќе антиоксиданти од портокалот, 4 пати повеќе железо од спанаќот, 5 пати повеќе калциум од полномасно млеко, 15 пати повеќе магнезиум од брокула, итн. итн....
Од ова семе се подготвуваат и разни вкусни јадења, пијалоци, мармалади...
Еве го и мојот предлог за едноставен а вкусен и здрав десерт.
Подготовка
Млекото ставете го во еден длабок сад. Додадете го чиа семето и медот (или засладувач по ваша желба). Промешајте убаво за да се стопи медот, затворете го садот со капак или фолија и ставете го во фрижидер. Најдобро е пудингот да го подготвите навечер и да оставите семето преку ноќ да набабри.
Наредниот ден, промешајте ја смесата и ставете ја во десертни чаши. Одозгора ставете сечкано овошје по желба (кај мене се свежи јагоди) и наросете со сечкани лешници.

Пудингот може да го подготвите и со обично млеко. Може да додадете во млекото и кокос, или наместо лешници, наросете со кокос.