Испечати

Пилешко со печурки и кромид - ундиета, протеински ден

Пилешко со печурки и кромид - ундиета, протеински ден

Состојки

  • 400-500 гр маринирани пилешки гради
  • свежи печурки количина по желба
  • 1-2 главици кромид
  • зачини по желба и вкус (сол, бибер, кари, мешан сув зачин)

Подготовка

Сочно пилешко, приготвено за многу кратко време. Се разбира дека е вкусно, какво е тоа прашање? =))

Во длабок сад (јас го користам длабокиот сад со рачки на Делимано) ставете малку масло. Ставете ги печурките, кромидот и пилешкото месо исецкани на парчиња со големина по желба. Промешајте и затворете со капак.
Промешувајте од време на време во текот на готвењето.
Пилешкото е маринирано, меко, нема да му треба долго време да се готви.
Оставете го да биде сочно по ваша желба. За овој рецепт не ги пропржувам посебно печурките и кромидот, токму вака ги приготвувам. Посебноста на рецептот е во сочноста.

За да заштедам на време месото го сецкам на коцки веднаш кога ќе го купам. Го делам по денови и секоја количина ја замрзнувам во кесе. Го замрзнувам сплескано, за веднаш да можам да го истурам во тавче кога ќе дојде ред за спремање.

Пријатно јадење!