Пијалок - прва помош во борба против вирус, грип и настинка
Состојки
- Прва опција
- 3 лимони
- 1 мало лажиче сода бикарбона
- Втора опција
- 3 киви
- 1 мало лажиче сода бикарбона
Подготовка
Со овој пијалок се кренав на нозе за 24 часа, а бев тежок крш. Се користат овошја богати со витамин Ц, бидејки содата бикарбона помага витаминот подобро да се искористи.
Сокот од три лимони ставете го во поголема чаша или тегла и додадете ја содата. Ќе почне многу да пени. Пената со лажица сркајте ја, а со сокот направете гаргара (ако ве боли грло) и испијте го.
Истото ова се прави и со три пасирани киви, што имате по дома или што ви е повкусно. Јас немав лимони кога настинав, ама кивито ми спаси живот :) (главна фотографија)
Ова се повторува по три пати на ден. Значи, вкупно 9 лимони или киви.
Се пие додека имате потреба.