Испечати

Печени ребра со јаболка

Печени ребра со јаболка

Состојки

  • ребра количина по избор
  • јаболка убаво да се покрие дното на садот
  • Зачини
  • сол, бибер, мајчина душичка, малку цимет

Подготовка

Едноставен, брз за подготовка и многу вкусен рецепт. Комбинацијата на мириси и шмекови ме воодушеви еднаш кога ја пробав и конечно стигнав да ја приготвам по дома.

Дното на садот прекријте го со парчиња лупени јаболка. Над нив ставете ги парчињата ребро. Зачинете и затворете го капакот. Печете окулу 2 часа на 150 - 180 степени. Од време на време можете да ги прелевате ребрата со сокот ако сакате. Готови се кога убаво ќе заруменат и кога месото ќе се двои од реброто.

Имам сретнато и рецепт со суви сливи, вкусни се, но оваа комбинација за мене беше феноменална.

Пријатно јадење!