Испечати

Штрудла со афион (мак)

Штрудла со афион (мак)

Состојки

  • За тесто
  • 600гр.просеано бело брашно
  • 1 пресен квасец
  • малку сол
  • 100гр. шеќер
  • 85мл. масло
  • 1 јајце
  • 1 жолчка (белката за премачкување одозгора)
  • рендана кора од 1 лимон
  • сок од околу 1/2 лимон
  • по потреба топло млеко
  • За филот
  • 100гр. мелен афион
  • 50гр. шеќер
  • 1 ванила или рум шеќер
  • 50мл. врело млеко

Подготовка

Лесна за подготовка, вкусна, декоративна....

Од сите горе наведени состојки за тесто, со претходно активиран квасец се замесува меко тесто. Убаво се изработува, се премачкува со малку масло, се покрива со најлонска фолија (и уште некоја покривка) се остава на топло да надојди, околу 1 час.
Потоа се истресува на намрсена подлога од садот во кој месевме, се дели на два дела. Од секој дел се отвора правоаголна кора со оклагија, внимавајќи да не се скине и се премачкува тенко со 1/2 од претходно подготвениот фил. Се витка ролат. Така добиените два ролата се усукуваат.
Се ставаат во намрсен калап со маргарин и се чека повторно да надојди, околу 30 мин..
Се премачкува со благо изматена белка.
Се става да се печи во загреана рерна (5 мин. на 200), а времетраењето на печењето е околу 50мин. на 180 степени, а вие зависно од вашиот шпорет.
После печење се премачкува со малку маргаринче или путерче.

Филот се подготвува на тој начин што со врелото млеко се залеваат претходно помешаните афион, шеќер и ванилата или румот. Во филот по желба може да додадете и суво грозје.

*Шеќерот зависно по ваш вкус, можи да го намалите, но мислам дека си е таман.
*Исто и лимоновиот сок, може да го изоставите.

Нека ви е слатко!