Испечати

Видео рецепт: Посни чоколадни ванилици

Видео рецепт: Посни чоколадни ванилици

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 125 гр. маргарин
  • 4 лажици шеќер
  • 100 гр. бадеми
  • 100 гр. брашно
  • 1 кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • џем од вишни (по желба)
  • За ГЛАЗУРА ќе ви треба:
  • 50 гр. чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло

Денес ќе готвиме заедно со Весна, готвач член на нашата веб-страница. Весна ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посни чоколадни ванилици.

Посни Ванилици, чоколадирани со темно чоколадо, споени со џем од вишни.

Подготовка

Чекор 1: Замесете глатко тесто од сите состојки. Развлечете кора и вадете форми по желба. Имајте во предвид дека ќе се рашират. Нам ни излегоа 20 парчиња.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 10 минути, додека малку заруменат. Оставете ги да се изладат.

Чекор 2: Чоколадото стопете го на пареа со малку масло. Половина од колачињата потопете ги во чоколадото и оставете да се излади и стегне.

Чекор 3: Спојувајте ги колачињата – едно суво, едно чоколадно - со џем или мармалад по желба.

СОВЕТ: Ние користевме џем од вишни кој го освежува рецептот со својот киселкаст вкус.