Испечати

Интегрални лепиња со просо (посно)

Интегрални лепиња со просо (посно)

Состојки

  • 250мл вода
  • 70г варено просо
  • 300г интегрално брашно
  • 200г полубело брашно
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица кокосово (може обично масло) за премачкување

Подготовка

Во сад измешајте ги брашната, квасецот солта, шеќерот и обареното просо (околу 10мин во 200мл вода)прво ставете 200мл вода, потоа додавајте по потреба додека не добиете компактно не лепливо тесто. Месете го уште 5-10 минути и вратете го во садот покријте го со крпа и оставете го на топло да стаса околу еден час.
Потоа размесете го и формирајте околу 12 лепиња. Секое од нив убаво премачкајте го со масло (јас користев кокосово бидејќи ги прави помеки и поубаво мирисаат, а и многу е поздраво кога просото се комбинира со кокосово масло прави една добра базна комбинација) и наредете ги во премачкан плех. Секое топче расечете го накрст и откако ќе одстојат така уште 10 мин ставете ги да се печат околу 20-25 минути на 200 степени. Печените лепиња топли премачкајте ги со масло на површината. Покријте ги со влажна крпа и оставете ги уште малку да омекнат. Добар апетит!