Испечати

Пекарски стапчиња (посно)

Пекарски стапчиња (посно)

Состојки

  • 2 коцки свеж квасец (80 гр)
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 1/2 литар млака вода
  • 200 мл масло
  • 850-900 гр брашно
  • сусам, ким, или семиња по желба

Подготовка

Наједноставните, меки кифлички без никакви додатоци во нив. Баш заради тоа си имаат почесно место во мојата тетратка со посни рецепти. Може да си ги комбинирате со што сакате (ајвар, некоја салата, посни макала....)идеји еден куп и најбитно сегогаш се убави.

Во подлабок сад за матење се ставаат коцките квасец, со 6 лажички брашно и 1/2 литар вода. Така припременото пред-тесто го оставаме да нарасне 20-тина минути. Во друг сад го просејуваме брашното, ја додаваме солта, преостанатиот шеќер и масло и со веќе нараснатиот квасец замесуваме убаво меко тесто.

Тестото откако е убаво измесено го покриваме со кујнска крпа и оставаме и тоа да нарасне 40 мин.

Повторно го размесуваме и го делиме на 60 топчиња. Јас кифличките ги правев во долгнавеста форма како стапчиња, а вие кој како милува, може да си ги обликувате по желба. Оставаме да нараснат уште 15 мин ( додека се загрева рерната). Ги премачкуваме со топла вода и ги наросуваме со сусам.

Се печат околу 15 мин на 180-200 степени