Испечати

Велигденско тесто - зајче (декорација)

Велигденско тесто - зајче (декорација)

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажиче сол
  • 100мл масло
  • 1 паковка сув квасец
  • 200 мл млеко
  • 1 јајце за премаз
  • вода по потреба

Подготовка

Ова е тесто кое е меко како памук, а јас ќе го искористам за да ви прикажам една Велигденска форма на кифла.
Патем да кажам дека овие супер кифли ќе ги подготвите за 15 минути.
Брашното го сееме и префрламе во сад за месење.
Квасецот го раствараме во млекото и кога ќе стаса го префрламе во брашното.
Солта ја нанесуваме по краевите на садот, а пецивото го помешуваме со брашното и маслото.
Месиме тесто и постепено ќе ја додаваме топлата вода се додека не замесиме убаво меко тесто.
На работната маса веднаш ја размесуваме смесата и делиме топчиња.
Мене ми испаднаа 10 топчиња од кои направив 10 зајачиња.

Земаме едно топче и вадиме тесто за опавче уши и глава.
Останато го сукаме со двете раце да испадне како јаже долго и вртиме полжавче.
На полжавчето додаваме глава уши и опавче.
Окото го направив со биберче, а вие ако сакате смислете му нешто по ваш избор.
Видете на сликата како изгледа.
Намачкајте со матено јајце во кое ставивте малку сол и масло и веднаш печете.
Еве ви идеја за Велигденско зајаче.
Израдувајте ги вашите најмили.
На здравје