Здрав домашен нутела крем - намаз (посно, веган)
Состојки
- 300мл таан
- 1-2 лажици какао (или по вкус и желба)
- сладило по желба и вкус намаз од урми, маџун, мед
- 50 гр. потпечени, мелени лешници
Подготовка
Прелесно, брзо и многу вкусно. Нормално дека сама си го измислив. Сфатив дека ме бива =))
Таанот ставете го во сад за матење, додадете ги другите состојки и матете рачно или со миксер додека не добиете еднолична смеса. Засладувачот додавајте го постепено додека не го добиете вкусот кој го посакувате. Со мед нам ни е најубав, но и со урми не е воопшто за занемарување
Може да стои во фрижидер долго време без да се расипе, две недели минимум.
Јас користев сурово какао во зрна кое сама го мелев. Затоа има покрупни парчиња, соколку користите какао во прав треба помазно да ви испадне.
Совршено е за со палачинки, намачкано на лепче, на оризов галети или како мене да си сркате од тегла =))
Пријатно јадење!