Мермерен колач со газоза (посно)
Состојки
- 1 чаша газоза
- 1 чаша шеќер
- 1,5 чаша брашно
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- 1 лажиче сода бикарбона
- 5 лажици масло
- 1 лажица какао
Подготовка
Многу едноставно. Измашајте ги најпрво сувите состојки (освен какаото), а потоа вмешајте ги течните.
Оваа доза е наменета за куглоф калап, намастен и побрашнет во кој се истура над половина доза од смесата. Во останатата смеса се додава какаото и се истура врз белата смеса. По желба со чепкалка дополнително се меша за да се оформат шарките, но и не мора.
Печете на 190С околу 25 мин.
Доколку сакате да печите во поголема тава, дуплирајте ја дозата.
Доколку немате газоза, ставете било кој ваш омилен газиран сок или пак едноставно можи и со кисела или обична вода.
За оние кои постат без масло, можат слободно да го изостават во рецептот. И така ќе е успешен колачот.
Ние баш и не сме љубители на вакви колачи без јајца, но овој едвај и да се сеќава дека е таков. Кај нас пројде како појадок со шолја чај (за чудо едно) )))