Испечати

Здрав појадок со овошје и тофу сирење (посно)

Здрав појадок со овошје и тофу сирење (посно)

Состојки

  • 50 гр. кокосови снегулки
  • 5 лажици овесни снегулки
  • 1 рака јагоди
  • 1 рака малинки
  • 1 зрела банана
  • 20 гр. мед
  • 50 гр. тофу сирење
  • 1 рака ореви

Подготовка

Еве уште еден здрав посен појадок, а како малините и јагодите ми се едни од омилените овошја, не ги изоставив и овде.

1. Кокосот се потопува во вода од вечер или барем да отстои 1 час во вода. Пред подготовка кокосот се цеди од водата и се става во чинија каде ќе се ставаат другите состојки.

2. Овесните снегулки се ситнат во блендер, па после се додава бананата, малините, јагодите, тофу сирењето и медот. Сето заедно се блендира, се тура во чинијата со кокос.

3. Потоа се блендираат оревите и тие се додаваат на претходното, се меша сето со лажица и се јаде.

Одличен однос на јагленохидрати и протеини за совршен почеток на денот.
Кокосот може да се замени со кокосово масло или пак да се изостави. Може исто така да се стави млеко од банана или друго од растително потекло, се е според вкусот.
Експериментирајте!