Испечати

Полулисната кремаста торта

Полулисната кремаста торта

Состојки

  • 2 (од по 230гр. )готови округли лиснати теста, шеќер во прав
  • Пандишпан
  • 2 јајца
  • 3/4шоља(од 260мл) шеќер
  • 1/4 шоља млеко
  • нешто помалку од 1/2 шоља масло
  • 1 шоља брашно
  • 1/2 пециво
  • 2 лажици какао
  • Жолт крем
  • 4 жолчки
  • 100гр. шеќер
  • 30гр. брашно
  • 400мл. млеко
  • 1 ванила
  • 200мл. слатка павлака
  • Темен крем
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 320мл. млеко
  • 2 лажици густин
  • 2 лажици шеќер
  • 80гр. чоколадо за готвење(70%какао)
  • 2-3 лажици мелени лешници
  • 180-200мл. слатка павлака
  • За декорација
  • 150гр. чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • неколку кандирани цреши
  • малку изматена слатка павлака

Подготовка

Со оваа торта како 300-ти рецепт би сакала да ве послужам сите вас членови на сајтов, сите посетители и секако тимот на Мои Рецепти.

Лиснатите теста посипете ги со малку шеќер во прав и убаво избоцкајте ги по целата површина со вилушка.
Печете ги секое по 20минути, на 200степени.
Испечените лиснати теста оставете ги да се оладат.

Пандишпан
Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот.
Матете додека смесата стане пенеста, па додајте ги млекото и маслото и со најмала брзина матете уште 1-2 минути.
Потоа додајте ги брашното измешано со пецивото и какаото и измешајте убаво со жица за матење.
Смесата истурете ја во округол калап обложен со хартија за печење и печете на 180 степени, 20-25 минуи.
Испечениот пандишпан оставете убаво да се олади, па потоа пресечете го хоризонтално на 2 дела.

Жолт крем
Со жица за матење изматете ги жолчките со шеќерот.
Додајте го брашното и проматете уште малку да не останат грутки.
Оваа смеса додајте ја во касерола со загреаното млеко во кое ќе ја додадете и ванилата.
Мешајте додека кремот се згусти.
Потоа тргнете го од оган и оставете убаво да се олади.
Во оладениот крем додајте ја претходно изматената слатка павлака и убаво измешајте.

Темен крем
Јајцето и жолчката изматете ги со жица за матење со шеќерот, па додајте го густинот.
Во касерола ставете го млекото да се загрее, па додајте ја изматената смеса и сецканото чоколадо.
Мешајте додека кремот се згусти.
Потоа тргнете го од оган и оставете убаво да се олади.
Во оладениот крем додајте ги мелените лешници и претходно изматената слатка павлака.

На подлога за торта ставете едно лиснато тесто.
Одозгора нанесете од темниот крем.Потоа ставете една половина од пандишпанот и премачкајте со половина од жолтиот крем.
Нанесете ја другата половина од пандишпанот и останатиот жолт крем.
Поклопете со другото лиснато тесто.
Врз лиснатото тесто нанесете од темниот крем, а потоа и целата торта премачкајте ја со темниот крем.

Тортата украсете ја по желба.
Јас ја украсив со чоколадо растопено со малку масло, малку изматена слатка павлака и кандирани цреши.