Испечати

Печено пиле со печурки и кашкавал

Печено пиле со печурки и кашкавал

Состојки

  • 1 пиле
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук, црна пипер, црвена пипер, оригано,
  • по потреба масло
  • малку пиво
  • За полнежот
  • 1 помала главица кромид
  • 1 морков
  • 200гр. печурки
  • 200гр. кашкавал
  • Уште ни е потребно
  • 1кг. компири

Подготовка

Како предлог за убав, вкусен неделен ручек....

Пилето убаво исчистено, се мие и се суши со кујнска хартија.
Се прелева со масло и убаво се мачка со раце. Потоа убаво се осолува, се зачинува со зачините кои секако одат по ваш вкус, можи и кари да се додаде. Јас тоа секогаш го правам од око, затоа и не наведов некоја мерка за зачините, едноставно убаво го наросувам од двете страни и тријам со раце за да се впијат подобро во кожата. Го оставам на ладно најмалку 2 часа, а може и преку ноќ.

За полнежот или филот, ситно се сецка кромидот, се пропржува на малку масло, се додава ситно сецканиот или ренданиот морков и тој се пржи. Се додаваат и печурките-шампињони ( кој вид ќе користите, ваш избор), се динстаат-пржат и тие.Кога сме готови со ова, ја тргаме тавата од оган, малку да излади и го додаваме ренданиот кашкавал.

Во намрсен пекач си ставаме издробените компири, ги намрсуваме, зачинуваме со сол, мешан сув зеленчук, црна пипер, оригано и пипер буковска-убаво промешуваме.
Врз компирите го ставаме пилето со грбот да лежи на нив.Го полниме со подготвениот фил и зацврстуваме со чепкалки за заби на двата отвора.Прелеваме со малку пиво, околу 50мл. и налеваме во тавата вода-половина чаша.

Затвораме со капак и ставаме да се печи во загреана рерна и тоа на 200 степени околу 90 мин. или во зависност од големината од пилето, додека добие убава црвена боја и месото да биде меко, при боцкање со нож излезе бистар сок.Во текот на печењето еднаш ќе го превртиме пилето, некаде на половина време и со лажица полиеме од течноста.

На здравје!