Испечати

Пудинг од булгур

Пудинг од булгур

Состојки

  • 1 шоља (250мл) вода
  • 1 шољичка (од 170мл) мелен булгур
  • 2 шољички (340мл.) млеко
  • 50гр. мешано сушено овошје (кајсии, урми, смокви, суво грозје...)
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици мелени ореви

Подготовка

Водата ставете ја да се вари. Откако ќе зоврие, ставете го булгурот и варете на средна температура додека булгурот ја впие водата. Додадете го млекото и шеќерот и продолжете со варење. Откако ќе почне да врие ставете го сувото овошје. Варете на ниска температура со повремено мешање се додека смесата се згусне. На крај додадете ги и мелени ореви, убаво промешајте и тргнете од оган.
Пудингот уште додека е врел ставете го соодветни садови и оставете да се олади. Одозгора украсете со матена слатка павлака.

Забелешка
Суво овошје може да додадете по желба и повеќе отколку што е пишано во рецептот. Откако ќе го ставите шеќерот во млекото, пробајте дали ви е доволно благо, доколку не е, додадете шеќер по вкус.
Јас користев мелен булгур. Секако дека може да се подготви и со крупниот булгур. Наместо обично млеко, може да се подготви и со соино или оризово млеко.