Фокача со каламата, суви домати, оригано (посно)
Состојки
- 300гр бело брашно
- 1 лажиче сув квасец
- 1/4 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче оригано
- 160 мл вода
- 80 мл маслиново масло
- за одозгора
- 50 мл маслиново масло
- 5-6 маслинки каламата , сецкани
- 40гр сушени домати
- по вкус, сол, бибер, оригано
Подготовка
Многу мека, миризлива, вкусна фокача, одлично за појадок.
Прво во вангличка се ставаат сите состојки за тесто и се замесува средно меко тесто.
Се покрива со чиста крпа и се остава на топло 20 минути.
Потоа се премесува, се расплескува во тавче бр 26, со прстите се прават вдлабнатини.
Во еден сад сега се соединуваат ориганото, маслинките, сушените домати, убаво се промешува и со ова се покрива фокачата.
Се остава на топло уште 30 минути и се печи 30 мин на 190 степени.
Уживајте
Со количините за одозгора може да калкулирате според вашиот вкус.