Испечати

Брзи питулици (посно)

Брзи питулици (посно)

Состојки

  • Тесто
  • 2 чаши брашно
  • 250 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • Фил
  • 1-2 страка праз
  • на вкус сол и бибер
  • 1-2 лажици зејтин

Подготовка

Експресен доручек. 
Чашата е од 200 мл.
- Замесете малку потврдо тесто (за разлика од она што секојпат помеко тесто месам), покријте го и оставете да одлежи.
За тоа време исецкајте го ситно-ситно празот, осолете и оставете нека одстои за да го пушти сокот. Истискајте го, осолете на вкус, додадете бибер и зејтин.
- Поделете го тестото на 6 еднакви дела. Од секој дел расукајте колку што можете потенки корички. Премачкајте ја кората со малку зејтин, ставете од празот одозгора. Направете еден засек од средината на тестото кон надвор. Почнете да го преклопувате (погледнете ги додатните фотографии)
- Така постапете со сите корички. Ставете на оган тавата во која сте ставиле малку зејтин нека се загрее тавата и ставете да ги пржите до двете страни.
Пржени покријте ги додека оладат, веќе ќе можете да доручкувате.
На здравје!

Напомена
- Многу е битна дебелината на корите - што потенки, толку подобро.
- Полнењето може да ви биде најразновидно. Многупати и со сирење ги правам, но оваа комбинација ми е за време на постите.
- Количината на празот зависи од нивната големина.