Шпагети во сос од домати и моцарела (One Pot Pasta)
Состојки
- 250гр. шпагети
- 2-3 лажици маслиново масло
- 1 главица громид
- 1 морков
- 2 чешниња лук
- 400мл. пасирани домати
- 1 лажиче доматно пире
- 1/2 лажиче шеќер
- по 1/2 лажиче оригано, босилек и мајчина душица
- 1 лажиче сув магдонос
- 600 мл. бистра супа од зеленчук
- 200гр. моцарела
- сол, бибер
Подготовка
Рецептов е од оние за на брзина подготвен ручек. Принципот на Оне Пот Паста за мене е генијален. Тестенините ги варите заедно со сосот, добивате кремаста и вкусна паста, имате готов ручек за 15-20 минути, а потребено ви е само едно тенџере, значи помалку садови за миење )))
Подготовка
Кромидот и лукот исецкајте ги ситно, а морковот изрендајте го.
Во едно тенџере ставете го маслиновото масло да се загрева. Ставете го кромидот да се пржи. Откако ќе омекне и стане стаклест, додадете морковот и лукот. Пржете една минута, па додадете ги сите останати состојки, пасираните домати, доматното пире, шеќерот, зачините, супата, посолете и побиберете по вкус. Откако сосот ќе зоврие ставете ги шпагетите и оставете да се вари на умерена температура. Мешајте почесто за да не ви загори. Доколку сметате дека шпагетите не ви се доварени додадете малку вода. Кај мене оваа количина на течности беше доволна. 2 минути пред крајот или кога ќе видите дека течноста значително се намалила и сте добиле густ сос, додадете ја моцарелата исечкана на парчиња и мешајте додека се стопи.
Јадењето ви е спремно. Одозгора наросете по желба со рендан пармезан.
Забелешка
Можете да додавате или одземате состојки по ваша желба. Пробајте ги со тиквичка, црн патлиџан....или со вашиот омилен зеленчук. Додадете шампињони или пак домашни колбаси. Изборот е ваш а секако ќе добиете превкусен ручек.