Пита со вишни (посно)
Состојки
- 1/2 кгр. кори за пита
- 300 мл. вода
- 150 мл. зејтин
- 7 лажици брашно
- 4 лажици шеќер
- 40 гр. квасец
- 1 пециво
- фил
- 1/2 кгр. вишни
- 1 ванила
- 2 лажици густин
- на вкус цимет
- на вкус шеќер
Подготовка
Подготовка
За премачкување на корите
- Во млаката вода растворете го квасецот со шеќерот, зејтинот и брашното во кое сте го измешале и пецивото. Доддете го квасецот и разбркајте убаво да е спојат сите состојки. Оставете да се запени.
Фил
- Искостете ги вишните, ставете во касеролата, додајте шеќерот и ванилата, ставете во касеролата да провријат. Во малку течност од вишните растворете го густинот, додадете кај вишните и нека се свари со вишните но густината да биде малку поретка од обично спреманиот пудинг. Зачинете со цимет по ваш сопствен вкус. Оставете да се олади.
- Поделете ги корите на 4 еднакви дела - секоја кора премалкувајте ја со смесата, врз последната кора која исто така е премалката ставете дел од филот, замотајте во ролат од пократката страна. Повторете ја постапката со останатите кори.
Доколку ви останало од смесата премачкајте ги и одозгора корите.
Вклучете ја рерната на 200 степени и печете од околу 20-30 мин. (зависно од рерната)
Печени извадете да се оладат, посипете со прав шеќер.
Напомена
- Би сакала да кажам овде дека јас користев обескостени вишни од компот без вода, за кој имам овде рецепт. Сокот кој го пуштиле при пастеризацијата ми е доволен за да направам филот без додавање на вода. Доколку одлучите да ја правите кога има тазе вишни, тогаш искостете ги само и ставајте во касеролата. Кога ќе ги ставите на оган тие веке сами ќе си пуштат доволно течност за да можете во истата да го сварите и густинот. Доколку одлучите да правите од компот спрема со цели вишни и вода тогаш обескостете и додадете од течноста во теглата како би го направиле филот.
- Јас денес корите ги поделив на 3-три дела, мотав по 4 кори, вие како сакате.
- Доколку не го сакате циметот слободно изоставете го.
- Колку сакате да ви е сладок филот толку ставете шеќер - тоа останува на вас.
- Печев во малата ростер тава - големина која сосема одговара.