Питички (посно)
Состојки
- 700 гр. брашно
- 30 гр. квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 2 лажици зејтин
- 500 мл. вода
Подготовка
Подготовка
- Се замесува тесто од брашното во кое е измешано солта и шеќерот. Се додава веќе разматениот квасец во малку млака вода, се додава остатокот од млаката вода. Треба да добиете меко тесто. Премачкајте го со зејтин и оставете 15 мин, да одстои.
- Се премесува тестото и се дели на 10 еднакви дела, формирате топчиња, ги премачкувате со зејтин, покријте со крпа и повторно нека одстојат 15 мин.
- Секое топче растегнете го со раката притискајки го од средината кон надвор, префрлете во плекче послано со хартија за печење, премачкајте ги со зејтин и повторно оставете да одстојат 15 мин.
- Додека да одлежи тестото вклучете ја рерната на 240 степени, испечете ги - готови се кога убаво станат заруменети.
Сервирајте со ајвар, мармалад или тоа што вие сакате да го јадете во моментот. Јас си ставив едра сол, лута печена везена пиперка и домат... многупати само ке ги посипам со шарената сол, со нив прилог некој компот...
Напомена
( овие питички при печењето треба да се повеќе надигнати, но среќата ми беше таа. Таман веќе почнаа да се печат, без да знам за најавата дека ќе биде исклучена струјата за 4 часа, вака се допекоа како што ги гледате, вие секако ќе добиете поубав резулатат во визуелниот изглед.)