Испечати

Фокација со лук и рузмарин (посно)

Фокација со лук и рузмарин (посно)

Состојки

  • Пред тесто
  • 20 гр. квасец
  • 2 лажици брашно
  • прстофат шеќер
  • 100 мл. вода
  • Тесто
  • 350 гр. брашно
  • 150 мл. водаа
  • 1/2 лажичка сол
  • околу 10-15 маслинки
  • по ваш избор рузмарин, едра сол,
  • 3-4 лажици зејтин маслинов зејтин во кој сте ставиле насецкан лук

Подготовка

Уште ако се јадат топлички преубав ќе ви е доручекот
 Предтесто
- Измешајте ги сите суви состојки, додадете млака вода, измешајте и почекајте да се запени,
Тесто
- Замесете тесто од брашното во кое ќе додадете солта, предтестото, млаката вода и оствете да стаса.
- Премесето го, поделете го на 4 еднакви дела. Направете топчиња. Оставете малку да се одмори
- Во подмачкано плекче преместете секое топче и лесно со рака растегнете го почнувајки од средината кон надвор. Премачкајте ги со зејтин. Нека одстојат кратко.
- Со прстите налегнете го секое парче тесто и направете дупки во нив .Сега пообилно премачкајте со зејтинот во кој имате лук. Наредете ги маслинките лесно налегнувајки во тестото, ставете рузмарин. Посипете со едра сол. Оставете да стасат, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени.
Напомена
- Можете да ги направите и со кормид, наместо рузмарин користете босилек. Иако јас денес ставив исто и на нив рузмарин, вкусни ми се. Ги сакам со многу маслинки, многу, но денес колку имав дома, толку ставив. Од оваа количина на тесто излегуваат 4 фокации, ако сте за дупли порции направете дупла доза.
- Зејтинот со лукот го спремам од многу порано, односно стално имам во тегличка зејтин во кој сум ставила малку сол и сецкан лук. Доколку го немате, тогаш одвечер направете го за да попирма вкусот и мирисот на лукот, во тоа е и вкустоијата на фокациите.