Магична штрудла со чај од камилица (посно)
Состојки
- 1кг. брашно + 50гр. за формирање
- 250мл. зејтин
- 500мл. чај од камилица
- 6 лажици шеќер
- 1 коцка свеж квасец(40гр.)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1/2 лажичка сол
- рендана кора од пола лимон
- состојки за фил
- мармалад околу половина тегла
- 200гр. мешавина од мелени ореви,мак,цимет
- 100гр. посна чоколада
Подготовка
Денот нека ви почне со убава миризлива штрудла, едноставна, посна. Од оваа тесто се подготвуваат четири големи ролати.
Подготовка.
1. На почеток сварете го чајот, сварете си повеќе никогаш не се знае колку течно ќе впие брашното. Квасецот со малку топол чај и шеќер оставете да надојде. Брашното просејте го и на средина ставете го квасецот, маслото, солта по краевите, ренданата кора од лимон, ванилата и замесете убаво мазно тесто додавајќи постепено чај.
2. Откако ќе го дуплира волуменот тестото го делиме на четири дела кои ги расукуваме во правоаголна форма. Секоја кора на еден крај ја засекуваме на неколки места. Поголемата половина ја премачкуваме со мармалад, посолуваме со мешавина од мак, ореви, цимет и сецкана чоколада. Тестото го мотаме во ролат потоа го фаќаме за праевите и мотаме контра едниот дел на една страна дугиот на друга. Ролатот ќе се издолжи го преклопуваме на две и повторно мотаме.
3. Вака формираните ролати посолете ги со крупен шеќер и цимет, обложете ги во плех и оставете да подстасаат околу петнаесет минути. Печете на 200степени половина час.
Послужете со топол чај и убав муабет...добар апетит!!!