Испечати

Брза салата

Брза салата

Состојки

  • 1 глава марула
  • 50гр грашок од конзерва
  • 20гр пченка од конзерва
  • 1 домат
  • 1 морков свеж
  • 1-2 главички млад кромид

Подготовка

Салатава е брза уште пред да седнат гостите е готова.

Марулата, доматот, морковот и кромидот се мијат убаво.
Морковот го чистиме, а на кромидчето му ги сечеме напред мустаќите и му го лупиме горниот слој.
Во длабок сад најпрво ја дробиме марулата, морковот.доматот и кромитчето со се перја, бидејќи од перјата има убав вкус па додаваме грашок и пченка.
Ставаме зејтин и сол по вкус.