Испечати

Сладок обланда ролат (посно)

Сладок обланда ролат (посно)

Состојки

  • 3 обланди
  • 25огр. маргарин
  • 400гр. шеќер
  • 200мл. вода
  • 300гр. мелени бисквити
  • 200гр. кокос
  • 100гр. суво гројзе
  • 100гр. чоколада за готвење
  • 50гр. ореви
  • глазура
  • 50гр. чоколада за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици вода
  • 2 лаживи масло

Подготовка

Во тенџере сипете ја водата и шеќерот да зовријат додадете го маргаринот да се стопи додадете го сувото гројзе и тргнете на страна. Сипете ги мелените бисквити, ренданата чоколада, кокосот и оревите промешајте сите состојки да се соединат.
Корите обланде замотајте ги во влажни крпи за да омекнат, а филот поделете го на три дела. На секоја кора нанесете фил и нежно замотајте ролат.
Водата и шеќерот за глазура нека зовријат тргнете на страна ставете го чоколадоти и маслото и мешајте.Со чоколадната глазура прелите ги ролатите.
Оставете убаво да се оладат па сечете и послужете.
Добар апетит!!!